Search

Озлогласена украинска веб-страница го стави на црна листа претседателот на Минхенската конференција

Озлогласената украинска веб-страница „Миротворец“ го стави на црната листа претседателот на Конференцијата за безбедност во Минхен, Волфганг Ишингер, бидејќи е меѓу потписничките на планот од 12 чекори за украинско помирување, пренесува ТАСС.

Веб-страницата го обвинува Ишингер за обид да го наруши суверенитетот  и територијалниот интегритет на Украина, учество во пропагандната кампања на Русија против Украина и за загрозување на информации од јавна важност.

Изјавата под наслов „Дванаесет чекори кон поголема безбедност во Украина и во евроатлантскиот регион“, беше објавена претходно на веб-страницата на конференцијата.

Документот, меѓу другото, предвидува построга контрола од Европа за спроведување на Договорите од Минск и постепено отстранување на антируските санкции. Исто така, повикува на доделување пошироки права на националните малцинства во Украина.

Веб-страницата „Миротворец“ беше отворена во 2014 година и објавува лични податоци за сите кои, наводно, претставуваат закана за националната безбедност на Украина. Во изминатите години, веб-страницата стави на својата црна листа лични податоци на новинари, познати личности и политичари кои ги посетиле Крим и Донбас или ги налутиле авторите на „Миротворец“ на некој начин.

Иако веб-страницата не е официјална, украинските граничари честопати им забрануваат влез во државата на луѓето од списокот на „Миротворец“.

Треба да знаете
Последни објави