Search

Од 3 февруари шалтерот за објави во службеното гласило во Инфоцентарот на ЈП Службен весник во Порта Буњаковец

Од 3 февруари годинава шалтерот за објави во службеното гласило „Службен весник на РСМ” од зградата на Младинскиот културен центар, ќе биде преселен во Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, во Порта Буњаковец.

Од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија информираат дека шалтерот за објава во службеното гласило „Службен весник на РСМ”, кој се наоѓа во зградата на Младинскиот културен центар во Скопје, во непосредна близина на зградите на МРТВ и на МВР, ќе биде отворен само уште неколку дена, односно, до крајот на месец јануари.

– Од 3 февруари, оваа услуга, објава во огласниот дел на службеното гласило, „Службен весник на РСМ”, граѓаните и правните лица ќе можат да ја реализираат само на шалтерот кој ќе биде сместен во просториите на Инфоцентарот на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија, кој се наоѓа во Порта Буњаковец, на бул. Партизански одреди број 23, информираат од ЈП Службен весник на РСМ.

Треба да знаете
Последни објави