Search

Од четврток заладување

Времето утре ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината, а од четврток нè очекува заладување. Поради високите температури утре Вдолж Повардарието, а во среда само во југоисточните делови ќе биде активиран жолт метеоаларм, информира УХМР.

Во среда попладне ќе дува засилен северен ветер кој во северните делови ќе предизвика опаѓање на температурата.

Извор: УХМР

Во четврток ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за околу осум степени.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури. Засилен северен ветер ќе дува и во петок.

Треба да знаете
Последни објави