Search

Од Кина пристигнуваат 100 илјади маски за Белград

Во еден од авионите коишто деновиве ќе пристигнат од Народна Република Кина во Белград ќе има 100.000 маски кои се купени од кинески бизнисмени коишто живеат и работат во Србија, изјави заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

„Ги молев кинеските бизнисмени, кинеските компании коишто работат во Белград, како и нашите кинески браќа коишто живеат во Белград да купат 100.000 маски за нивниот град“, рече Весиќ.

Тој објасни дека на градските комунални служби им се потребни околу 10 илјади маски на ден, така што оваа помош ќе биде доволна за 10 дена.

„Исто така, ги замолив да ни купат заштитни оддели за волонтерите коишто одат на терен и носат храна и лекови на нашите најстари сограѓани“, рече Весиќ.

Поради тоа фонтаната на Славија, Палатата Албанија, Бранковиот мост, мостот на Ада и зградата на Националното собрание, ќе бидат осветлени во црвена боја во чест на Народна Република Кина.

Треба да знаете
Последни објави