Search

Од две приватни амбуланти украдени шприцеви, игли и ампули

Во полициската станица Кисела Вода на 18 март било пријавено дека во текот на претходните три дена непознат сторител извршил тешки кражби во две приватни здравствени установи.

Кражбите биле извршени во Здравствен дом лоциран на скопската улица „Огњан Прица“, каде се наоѓале амбулантите, а биле украдени разни видови ампули, шприцеви и игли за шприцеви, како и други лекови и медицински предмети.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави