Search

Одржан пинг-понгарскиот Телеком Мастерс турнир

Првиот Телеком Мастерс турнир во сениорска конкуренција, воедно претпоследното официјално натпреварување од календарот на ППФМ за 2018 година се одржа викендов во Скопје.

На машкиот дел на турнирот настапија 38 играчи, додека во женска конкуренција настапија 13 учеснички.

Пласман Мажи:
1. Кристијан Станојковски
2. Ѓоко Јочкоски
3. Филип Младеновски, Христијан Јовановски.

Пласман Жени:
1. Ива Димитриевска
2. Бојана Михајловска
3. Ана Стојановска, Ана Марија Димитрова.

Последно натпреварување за пинг-понгарите оваа година е меѓународниот турнир САМСУНГ 2018 кој ќе се одржи на 16 декември во „СЦ Форца” во Скопје.

Треба да знаете
Последни објави