Search

Одредена е цената на лекот ремдесивир за лекување на коронавирус

Компанијата Gilead Sciences Inc одлучи цената на лекот ремдесивир, за лекување на заболени од Ковид-19, да биде 390 долари за шише, во развиените земји, соопшти извршниот директор Даниел О’Деј.

Како што пренесува Си-ен-ен, ако се земе предвид дека лекувањето просечно трае пет дена, износот кој пациентот би требало да го плати за овој лек е 2.340 долари.

О’Деј додал дека компанијата почнала преговори со производителите на генерички лекови за да се обезбеди сите земји во светот да имаат пристап до овој лек, така што во другите земји цената ќе биде значително пониска.

Европскиот регулатор на 25 јуни условно ја одобри употребата на антивирусниот лек ремдесивир за лекување на заболени од коронавирус, што е прв лек кој добил препорака во Европа.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја препорачува употребата на ремдесивир кај возрасни и деца на возраст од 12 години дијагностицирани со пневмонија за кои е потребен внес на кислород.

Условното зелено светло на ЕМА значи дека лекарите можат да препишат ремдесивир, што ќе се вика ,,Веклари” во Европа кога ќе биде одобрен од Европската комисија. Условното одобрение дозволува терапијата да се продава кога ќе бидат достапни сите податоци за дејството на лекот и неговите несакани ефекти.

Побарувачката за лекот се зголеми, бидејќи се покажа како ветувачки лек во клиничките испитувања.

Треба да знаете
Последни објави