Search

Одложен натпреварот Тотенхем- Рен поради осуммина лондончани позитивни на Ковид 19

Големиот број фудбалери заразени со ковид-19 во редовите на Тотенхем ја натера УЕФА да го прифати барањето на англискиот тим за одложување на средбата со Рен.

Дуелот од Конференциската лига ќе се одигра во засега недефиниран термин, а се чини дека одлуката е најлогична откако Тотенхем пријави голем замав на вирусот во својот сениорски тим.
Менаџерот Антонио Конте потврди дека дури осум фудбалери имале позитивен тест, а заразени се и пет члена на стручниот штаб на Тотенхем.

Во лондонскиот клуб се плашат од дополнително ширење на бројот на заразени, а превентивно е затворен и тренинг центарот, за да се спречи поголем ризик за сите кои работат во него.
Средбата Тотенхем-Рен требаше да се игра утре од 21 часот, а влијае и врз пласманот во групата, бидејќи Тотенхем се бори за второто место со Витесе.

Ова е втор меч кој вечерва УЕФА го одложува. Првиот меч е тој меѓу Аталанта и Вилјареал кој вечерва требаше да се игра во Бергамо, но е одложен за утре поради временските непогоди.

Треба да знаете
Последни објави