Search

Одложено судењето на Неделковски, немаше услови за презентација на видео докази

Само што почна, заврши судењето на Миленко Неделковски, обвинет за ширење расисзам и ксенофобија преку социјалните мрежи. Денешното и прво рочиште од судскиот процес против новинарот почна со изјаснувањето на Неделковски, кој рече дека не се чуствува виновен за обвиненијата кои го товарат.

По него, јавниот обвинител изведен неколку материјални докази, а еден од доказите, кој е видео материјал, ќе се гледа на наредното рочиште бидејќи во моментов во судницата немаше технички можности.

Одбраната на Неделковски побара на наредното рочиште целотот судење да биде тонски и аудиовизуелно снимано.

Судијата Марин Станевски го закажа наредното рочиште за 22 февруари.

Според обвинението, Неделковски преку компјутерски систем во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност. Имено, осомничениот како јавна личност – новинар, на својот јавен профил на една социјална мрежа, објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше и човечки жртви. Притоа со коментарот промовирал омраза кон одредена етничка група– Грци кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело, согласно Кривичниот законик, предвидена е казна затвор од една до пет години.

Во текот на истрагата, обвинителот преку службите во МВР обезбедил детален документиран материјал за активноста од корисничкиот профил на осомничениот на социјалната мрежа како и други докази.

Неделковски во текот на истрагата не дал свој исказ во обвинителството бидејќи не било достапен на неговата адреса за да му биде врачена поканата.

(Д.В.)

Треба да знаете
Последни објави