Search

Одложено судењето за 27 април поради смртен случај на обвинителката

Судењето за настаните од 27 април 2017 година кој се случија во Собранието е одложено поради смртен случај на обвинителката Вилма Русковска, која денеска не се појави во судницата.

На претходните неколку рочишта се прикажуваа телефонски СМС и вибер-пораки од одземени и вештачени мобилни телефони. СМС-пораките ги презентираше Јавното обвинителство. На судските рочишта се читаа пораките од „Вибер“ и СМС-комуникации на обвинетиот пратеник Крсто Мукоски, како пораки  од  одземениот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Крсто Мукоски е обвинет за отворање на вратите од Собранието на РМ заедно со пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, со што дозволиле граѓаните насилно да влезат во парламентот, каде што беа нападнати пратеници.

На обвинителната клупа за упадот во Собранието се и пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, потоа ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, началниците во МВР, Митко Пешов, Душко Лазаров, обезбедувачот на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски – Леви, вработените во МВР, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ од Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски.

Обвинети се и иницијаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен Велит, Владо Јовановски, Игор Дурловски. Обвинети се и Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа и Митре Питроповски.

Треба да знаете
Последни објави