Search

Одложено судењето за „Тотал“

Денешното рочиште за предметот „Тотал“, каде обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас, беше одложено поради спреченост на претседателот на судечкиот совет.  Следното судско рочиште е закажано за 21 декември во 10 часот.

Во предметот „Тотал“ на СЈО, Латас е обвинет заедно со три фирми: „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медиа центар“ и „Медиамакс“, каде што тој се јавува како сопственик или управител. Според обвинението, Латас во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање данок. Тој и правните лица давале лажни податоци за даночните обврски. Латас како управител на компаниите ја намалил основицата за данок и не пријавил лични приходи. Тој набавката на опрема за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен. Овие средства биле евидентирани како основни средства и тековни трошоци, а Латас ја намалил обврската и по основа на ДДВ.

Износот за добра и набавени услуги Латас не го пријавил во годишната даночна пријава.

Треба да знаете
Последни објави