Search

Одложени сите културни манифестации во Кавала поради зголемен број случаи на Ковид-19

Локалните власти во грчкиот град Кавала ги откажаа сите културни манифестации закажани за оваа седмица, донесоа одлука задолжително да се носи маска и на пазарите, а затворени се и општинските спортски објекти поради зголемениот број случаи на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, заменикот префект и градоначалникот на Кавала, Костас Андониадис и Тодорор Муриадис, по одржаниот состанок со надлежните ги соопштија одлуките, објаснувајќи дека се очекува да се откажат и закажаните фестивали, но и концерти.

Паралелно, до 16 август ќе бидат затворени општинските спортски објекти со одлука на заменикот градоначалник на Кавала задолжен за спорт.

Националната организација за јавно здравје на Грција, веќе започна масовно тестирање на блиските контакти на веќе потврдените случаи.

Во изминатите денови, во грчкиот град беа откриени над 25 позитивни случаи во фабрика за месо.

Треба да знаете
Последни објави