Search

Одземени пари во два одделни случаи во Градски парк во Скопје

Во два одделни случаи во Градскиот парк во Скопје со закана биле одземени пари.

Како што информира МВР,  вчера во полиција малолетник од скопското село Стајковци пријавил дека во Градски парк три лица со закана му одзеле паричник и личен предмет.

Случајот бил пријавен вчера во 18.50 часот во Полициската станица Центар.

Во вториот случај, синоќа во Полициската станица Карпош, Р.Х.(41) од скопското село Рашче пријавил дека околу 20:00 часот во Градски парк едно лице со закана му одзело пари.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави