Search

Одбележани 109 години од раѓањето на Вапцаров

Одбележани 109 години од раѓањето на Вапцаров

Денеска, во Општина Бутел се одржа манифестацијата ,,Чествување за Никола Јонков Вапцаров,, по повод 109 годишнината од неговото раѓање. Градоначалникот, г-дин Велимир Смилевски и бројни делегации од основните училишта, здруженија на граѓани и почитувачи на ликот и делото на Никола Јонков Вапцаров положија свежо цвеќе пред неговиот споменик.

Во поздравниот говор градоначалникот Смилевски истакна дека ликот и делото на Вапцаров треба да биде пример и поттик како за денешните така и за идните генерации. Говореше за неговата трагична смрт и борбата за слобода.

Се осврна и на неговото поетско творештво кое е со европски квалитет.Вон серискиот талент на Никола Јонков Вапцаров, додаде градоначалникот Смилевски, едноставно блика од секој негов стих востихозбирките: ,,Моторни песни,, и во посмртно издадената поетска збирка ,,Антологија,,

Треба да знаете
Последни објави