Search

Ограбена куќата на Умтити за време на натпреварот Барселона – Валенсија

Домот на дефанзивецот на Барселона, Самуел  Умтити беше ограбен за време на натпреварот од 4. коло од шампионатот на Шпанија против Валенсија, пренесува „Ла Вангардија”. Натпреварот се одигра на 14 септември, Каталонците победија со 5:2. Умтити беше присутен на натпреварот, но не влезе во игра.

Полицијата пристигнала по пријава на сосед на францускиот фудбалер. Откриени се траги од хакерство и отворен празен сеф. Најмалку четири лица учествувале во грабежот. Претходно и други фудбалери на каталонскиот клуб беа мета на крадци. Станува збор за Кевин-Принс Боатенг и Жорди Алба.

Треба да знаете
Последни објави