Search

Ова е мајката што си ја уби тригодишната ќерка, па ја фрли од тераса во Белград

Слушнав тап и силен удар и излегов на терасата. Тогаш го видов детето како лежи на тротоарот и мајката на тригодишното девојче како стои на терасата и нешто извикува. Потоа се врати во станот, па пак излезе и продолжи да вика. Неколку минути подоцна скокна и таа. Ова го изјави очевидец   на трагедијата во Белград.

Како што претходно информиравме, Данијела Р.(36), првин ги пресекла вените на своето дете и го  фрлило од балкон од 4 кат, а потоа намерно предизвикала пожар во станот, по што исто така си ги пресекла вените и се фрлила по ќерката. Двете починале на самото место. Зошто се случила трагедијата се уште не е познато.

Таткото на тригодишното девојче кое утрината беше убиено од својата мајка, е во состојба на шок, информираат здравствените органи во Белград. Тој се вратил од трета смена и затекнал грозоморна слика пред зградата во која живееле на Бежаниска коса во Белград.

-Прво го фрли детето, а потоа стоеше на прозорецот и викаше неколку минути дека жените се загрозени и псуеше,  а потоа и она се фрли. Неколку минути подоцна видовме чад од станот- кажа еден од сведоците.

Управникот на зградата ја молел да не го испушта бебето низ прозорецот. Неофицијално, Дијана прво го запалила креветот.

-Ги видов како лежат на тротоарот, сцената беше ужасна. Двете беа облеани со крв, а имаа и траги од гареж. Девојчето даваше знаци на живот уште неколку минути. Слушнав дека еден човек кој поминувал до моментот на несреќата се обидел да го фати бебето, но не успеал, кажа еден сосед.

Соседите се силно вознемирени. Раскажуваат дека семејството делувало дека е стабилно и среќно, па затоа не можат да сфатат што ја натерало мајката на ваков монстуозен чин. Таа работела на Воено медицинската академија. Детето одело во граинка, но не знаат зошто мајката решила д ја отави дома и да ја убие.

На местото беа и таткото и братот на Дијана, а таткото мораше да го смирува полицијата.

Треба да знаете
Последни објави