Search

Објавен јавен повик за корисниците на „Ковид 3″ кредитната линија, за дополнителен грејс период од 12 месеци

Развојна банка на својата веб-страница објави јавен повик со кој им се нуди можност на кредитокорисниците на кредити од третата бескаматна кредитна линија „Ковид 3″, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитите за 12 месеци.

Компаниите имаат рок од 10 дена да поднесат електронско барање до банката, кое може да се преземе од веб – страницата на банката. Повикот важи заклучно со 11 декември годинава, кога е и последниот ден за поднесување на барањата.

Како што велат од банката, објавувањето на јавниот повик е согласно задолжението од Владата и Анекс кон договорот за администрирање на фонд за микро и мали претпријатија.

Треба да знаете
Последни објави