Search

Објавено видео од трагичната несреќа во која авион се урна на автопат и усмрти 11 лица

Шокантните сцени од авионот кој се урна на автопат и усмрти 11 лица кога пилотот ја загуби контролата за време на аеромитинг беа прикажани вчера во Лондон на судскиот процес против пилотот обвинет за убиство од небрежност. Трагедијата се случи во Шорсхејм во летото 2015 година.

Пилот Ендру Хил тврди дека претрпел „когнитивно растројство“ и ги негираше обвинувањата. Хил на митингот изведувал лупинг со стариот борбен авион „Хокер Хантер“ од 1950-тите, но, според обвинението, летал премногу ниско и премногу бавно за да може да го изведе. Бидејќи не можел да се извлече од понирањето, тој паднал врз три возила што биле во тој момент на патот A27 во Западен Сасекс.

Само чудо го спасило пилотот. Неговото седиште било исфрлено од пилотската кабина по ударот, веднаш откако авионот запрел. По несреќата, тој беше во медицински индуцирана кома.

Треба да знаете
Последни објави