Search

Објавени видеа од луѓе како се онесвестуваат на улица, наводно заразени од корона вирусот

На социјалните мрежи се објавени видеа од луѓе во Кина кои се онесвестуваат на улица, а за кои се тврди дека се заразени со новиот корона вирус, а некои од нив наводно не преживеале.

Смртоносниот вирус се појави во градот Вухан, од див пазар за морска храна, и бргу почна да се шири најпрвин во овој град со 11 милиони жители, а потоа болеста се пренесе и во околните градови, но и во соседните држави.

https://twitter.com/i/status/1220600018874269697

Засега е забранет влез и излез во најмалку десет градови во централниот дел на Кина во провинцијата Хубеи, која има 60 милиони жители. Болеста е потврдена и во најнаселените кинески градови Пекинг и Шангај, а забележани се и случаи надвор од Кина во Хонгконг, Макао, Тајван, Тајланд, Сингапур, Виетнам, САД, Јапонија, Јужна Кореја, а поголемиот број од заразените биле во градот Вухан.

https://twitter.com/i/status/1220411715214508032

Досега од вирусот починаа 25 луѓе, додека над 800 се заболени. Сепак, од Светската здравствена организација сметаат дека сè уште е рано да се прогласи вонредна опасност за целиот свет.

Треба да знаете
Последни објави