Search

Објавена потресна фотографија на татко и ќерка починати на границата на САД и Мексико

Фотографијата на татко и ќерка од Салвадор кои лежат мртви со лицето во водата на брегот на реката Рио Гранде, дел од границата со САД и Мексико, сведочат за секојдневните страдања на имигрантите.

Ова е застрашувачки, жив доказ за опасноста со која многумина се соочуваат кога се обидуваат да влезат во САД и пример за човечки жртви како резултат на кризата на јужната граница на САД, објави „Си-ен-ен“.

Активистите за човекови права со месеци предупредуваат дека на границата ќе има се повеќе смртни случаи, бидејќи имигрантите се принудени да влезат во САД во опасни подрачја. Истото се случува и поради политиката на американската влада, што им отежнува на многумина од нив да добијат азил на легалните гранични премини.

Оскар Алберто Мартинез и неговата ќерка Енџи Валерија се удавија во Рио Гранде, кога во неделата се обидоа да ја преминат границата.

Фотографијата на татко и девојче, за кое „Асошиетед прес“ тврди дека имало 2 години, ја сними новинарката Јулија де Лук, која живее во Мексико.

Треба да знаете
Последни објави