Search

ОБСЕ го поздрави поднесувањето кривична пријава во случајот Куцијак

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлем Дезир го поздрави денеска поднесувањето кривична пријава против словачкиот бизнисмен Мариан Кочнер, кој е осомничен дека е нарачател на убиството на новинарот Јан Куцијак и неговата свршеница Мартина Кушнирова.

Во соопштението се наведува дека нарачателот претходно му се заканувал на новинарот.

– Тој плати неприфтлива цена за истражувањето корупција на највисоко ниво и својата подготвеност да ги информира граѓаните, истакна Дезир, додавајќи дека Куцијак станал симбол на слободата на словачките медиуми во борба против криминалот и мафијата.

Дезир нагласи дека убиството на новинарот нема да остане неказнето.

Словачката полиција денеска поднесе кривична пријава против осомничениот Кочнер. Убиството на новинарот ја разбранува јавноста во Словачка и предизвика масовни протести, кои доведоа до смена на владата на премиерот Роберт Фицо

Куцијак, кој пишуваше за политичката корупција во земјата, пронајден е мртов заедно со Кушнирова во нивниот дом во близина на Братислава во февруари минатата година. Тој ја истражуваше и наводната поврзаност на словачките политичари со италијанската мафија, посебно со шефот на Ндрангета.

Треба да знаете
Последни објави