Search

Облачно со дожд, температурата до 23 степени

Синоптичарите за денеска најавуваат претежно облачно време со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни и пообилни и ќе наврнат и над 30 л/м2. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе бидат над нулата и ќе се движат од седум до 14 степени, а дневните од 11 до 19 степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 10 степени, а дневната температура до 18 степени.

Утре се очекува преодно стабилизирање на времето, а веќе од вторник попладне и во следните денови се најавуваат нови врнежи од дожд.

Треба да знаете
Последни објави