Search

Обезбедувањето на Вељаноски при упадот,комуницира со обвинетиот Никола Митревски Кољо

Денешното рочиште за „крвавиот четврток“ односно насилниот упад во Собранието кој се случи на 27 април минатата година, продолжи со разгледување на видео снимките од собраниските простории.

На снимката од камерата која е поставена во холот кој води до прес центарот може да се види како обвинетиот Горан Ѓошевски, поранешен шеф на обезбедувањето на експретседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, се поздравува и комуницира со обвинетиот Никола Митревски Кољо преку гестикулации со рацете по што поголема група граѓани се упатува кон прес салата.

Од иста снимка може да се забележи како во 18:45 часот обвинетите Иван Цветановски, Стефан Младеновски, Младен Додевски, Никола Митревски Кољо, Младен Додевски, Дејан Давидовски, Митре Питроповски, Михаил Младеновски, Игор Југ, Захарие Димовски, Иван Михајловски и Горанчо Ангеловски, од кои голем дел од нив со фантомки, неколкупати одат во правец на прес салата и се враќаат кон холот од каде влегуваше толпата граѓани.

Од снимките јасно се гледа како некои од обвинетите на граѓани им го покажуваат правецот кон прес центарот каде беа нападнати пратениците.

Треба да знаете
Последни објави