Search

Обединетите Арапски Емирати испратија помош од околу 11 тони медицински материјал за Грција

Специјални медицински заштитни комбинезони, медицински ракавици, заштита за обувки, средства за дезинфекција, меѓу друго содржи помошта, околу 11 тони медицински материјал, што од Обединетите Арапски Емирати, синоќа, со специјален лет пристигна во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис, помошта доаѓа по иницијатива на престолонаследникот на Обединетите Арапски Емирати и врховен командант на вооружените сили, Шеикот Мохамед Бин Зајед Ал Нахјан и на советникот за национална одбрана Шеикот Тахнун бин Зајед Ал Нахјан и „ги потврдува блиските односи на Обединетите Арапски Емирати со Грција, односи кои започнуваат од економската соработка, но со доверба што се гради и се развива во пријателска врска”.

Мицотакис лично им се заблагодарил за помошта, додека пак медицинскиот материјал веднаш ќе иде распределен во болниците во Грција за справување со коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави