Search

Обвинителството почна истрага за инцидентот во Шутка

Основното јавно обвинителство Скопје почна истрага против петмина скопјани осомничени дека сториле кривично дело насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничените на 28.01.2019 година, во близина на поликлиниката во Шуто Оризари, во група заедно со други лица, извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле одавтомобил „хјундаи галопер“ без регистарски таблици. Иако тројцата им кажале дека не знаат за што се работи, а еден се легитимирал со службена легитимација и им кажал дека е вработен во МВР, петтемината осомничени ги нападнале удирајќи ги со тупаници и клоци“, велат од Обвинителството.

Еден од оштетените се здобил со тешки повреди и е во животна опасност, додека останатите двајца биле полесно повредени.

„Со ваквите дејства, осомничените кај останатите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв. Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени.“, се вели во соопштението од ОЈО Скопје.

Треба да знаете
Последни објави