Search

Обвинителството побара од Царовска дополнителни докази за скандалот со пензискит фондови

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска ја испита министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која е подносител на кривичната пријава против непознат сторител за кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик која се однесува на невршење на распределба на осигуреници во вториот столб од пензискиот систем и неисплата на придонеси во приватните пензиски фондови.
-Во својот исказ таа изнесе одредени сознанија во врска со наводите во пријавата без притоа да посочи можен сторител на кривичното дело со утврден идентитет. Надлежниот јавен обвинител побара од подносителот на пријавата дополнително да достави определени материјални докази кои ги спомена во својот исказ, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.

Основното јавно обвинителство Скопје продолжува со преземање други дејствија за проверка на наводите во пријавата.

Надлежниот јавен обвинител од Државниот завод за ревизија ќе ги побара изготвените извештаи за извршена ревизија во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во критичниот период, а на распит ќе биде повикан и претставник на Фондот за да даде свое појаснување во врска со наведеното во пријавата.

Треба да знаете
Последни објави