Search

Обвинителството во Струга го истражува митото на заменик министерот Муса

Основното јавно обвинителство во Струга отворило предмет за случајот со заменик министерот Асим Муса кој си поднесе оставка откако се појави снимка на која добива 50 евра. Предистрагата ќе биде направена со меѓунардона помош за да се обезбедат оригиналните снимки. Од прес службата на обвинителството рекоа дека ќе биде земен и исказ од заминик министерот.

Албанската телевизија Топ ченел објави снимка на која се гледа заменик министерот Муса како добива 50 евра, како што објавија новинарите, за да организира операција на пациент од Албанија.

Треба да знаете
Последни објави