Search

Обвинение против поранешен чувар за помагање при 5.230 убиства

Обвинителството во германскиот град, Хамбург покрена обвинение против поранешен чувар од германски нацистички логор од Втората светска војна, кое го товари за помагање при 5.230 случаи на убиства, воглавно  Евреи.

Обвинителството соопшти дека 92-годишникот, чијшто идентитет не е откриен, се сомничи дека додека работел во концентрациониот логор Штутхов, помеѓу август 1944 и април 1945 година, помагал во убивањето на затвореници, пренесе „АП“.

Обвинителството, истотака, соопшти дека обвиненителите прецизирале оти осомничениот за време на злосторствата имал помеѓу 17 и 18 години и бил само дел од големата машинерија за убивање во нацистичкиот режим.

Како што јави германскиот дневен весник „Велт“, осомничениот признал дека бил свесен за постоењето на гасните комори во логорот и видел како од нив се изнесуваат тела во крематориум.

Треба да знаете
Последни објави