Search

Обвинение за арачиновецот кој дома чуваше бомба

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
При претрес на домот на обвинетиот во Арачиново, на 18 октомври, во фиока во плакар кој се наоѓал во шупата, била пронајдена експлозивна направа- рачна бомба модел Ф1 од руско производство со експлозивно полнење од 60г тротил (TNT). Поседувањето на ваква експлозивна направа на граѓаните им е забрането со закон.
Истовремено, надлежниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој би можел да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон.​
Треба да знаете
Последни објави