Search

Нуклеарен инжинер на САД обвинет за предавање доверливи информации за американски подморници

Нуклеарен инжинер на американската воена морнарица е обвинет за предавање доверливи податоци на странска држава за нуклеарни подморници на САД, а случајот е откриен од Федералното биро за истраги (ФБИ), соопшти синоќа Министерството за правда.

Џонатан Тојби и неговта жена Дијана биле упасени во саботата во Западна Вирџинија откако во организиран наводен заговор, агент под прикрите на ФБИ, кој се идентификувал како шпион на странска држава, примил од Тојби доверливи информации.

Тој и неговата сопруга се обвинети за нарушување на Законот за атомска енергија, соопшти министерството. Двајцата утре треба да се појават пред федерален судија во Западна Вирџинија.

Се дознава дека 42 годишниот Тојби кој работал како нуклеарен инжинер во американската воена морнарица, имал достап до строго доверливи информации и во 2020 година испратил пакет со инструкции за пренос на податоци со ограничен пристап наменет за неименувана земја. Потоа тој започнал со продажба на доверливи информации по цена од десеттина илјади долари во криптовалута на агент на ФБИ кој работел под прикритие и се претставувал како службеник на странска држава.

Во еден момент Тојби сокрил мемориска картичка ставена во половина сендвич со путер од кикиритки во пакетче која што содржела документи за реакторни атомски подморници. Пакетчето било оставено на скришно место во Западна Вирџинија за да биде земено од агентот на ФБИ кој се претставувал како шпион на странска земја, додека сопругата на Тојби ја надгледувала ситуацијата, јавија од министерството.

Картичката содржела „недостапни за увид податоци со документи од воен карактер поврзани со елементи за конструкција, работни параметри и оперативни карактеристики на реактор на подморници класа „Вирџинија”, се вели во судските документи. Друга мемориска картичка била скриена во пакетче за мастики за џвакање и предадена на сличен начин.

Според Вашингтон пост, оваа технологија САД до неодамна ја имале споделено само со Велика Британија, откако Вашингтон одлучи да ја вклучи и Австралија, по склучениот трипартитен договор за нуклеарни подмроници што го разлути Париз, кој имал сличен аранжман со Камбера.

Поради сериозноста на случајот се обрати и јавниот обвинител Мерик Гарланд, кој изјави дека обвинението укажува на „заговор за пренос на информации на странска нација поврзани со нашите атомски подморници”.

Според министерството, за предавање на тајните податоци Тојби во неколку трансакции примил вкупна сума од 100.000 долари во криптовалута.

На Тојби и неговата сопруга, кои живеат во Анаполис, Мериленд, им е врачено обвинение за заговор и „предавање податоци со ограничен увид”.

Треба да знаете
Последни објави