Search

Ноќеска се врши тестирање на коронавирус кај патничка од Милано

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, ноќеска се врши тестирање на корона вирус кај патничка која пристигнала со вчерашниот попладневен лет од Милано во Скопје. Резултатите ќе бидат готови во наредните 4 часа, по што веднаш ќе ја известиме јавноста, изформираат од Министерството за здравство.

Резултатите треба да бидат готови во 03 часот по полноќ. Нема информации какви симптоми имала патничката, дали сама се јавила на Инфективната клиника, со кого била во контакт.

Тестовите на двајцата патници, едниот од Милано и другиот кој пристигнал од Дубаи излегоа негативни.

Треба да знаете
Последни објави