Search

Норвешка ја доби Шведска и е се поблиску до полуфиналето

Норвешка го доби скандинавското дерби  со ко-домаќинот Шведска (23:20) во Малме, во 2. група од втората фаза на  Европско ракометно првенство и направи голем чекор до полуфиналето каде ќе се пласираат првопалсираните две селекции од двете групи.

Норвежаните го контролираа натпреварот во текот на целиот меч. На полувреме имаа четири гола разлика. Шведска во завршницата стигна до еден гол негатива, не успеа да избори барем бод.

Сагосен со 8 голови беше најефикасен кај Норвешка, Пелас со 5 погодоци кај Шведска.

 

Треба да знаете
Последни објави