Search

Норвешка полиција: Убиецот на петмината со лак и стрела користел и убодно оружје

Норвешката полиција соопшти дека данскиот државјанин, кој минатата недела уби пет лица, а повреди тројца, при нападот, покрај лак и стрела, користел и „убодно оружје”.

Полицискиот инспектор Пер Томас Омхолт рече дека 37-годишниот Еспен Андерсен Братен најверојатно прво ги повредил жртвите со стрели, а потоа ги избодел до смрт со ладно оружје.
– Кога станува збор за оружјето, претходно рековме дека напаѓачот користел лак и стрела. Но, тој користел и убодно оружје. Не сакаме да излеземе со информации за каков вид ладно оружје се работи, бидејќи се уште не сме ги испитале сите сведоци, рече Омхолт денеска на прес-конференција.
Треба да знаете
Последни објави