Search

Ново детско игралиште во дворот на Детската градинката во Скопје Север

Градоначалникот на општина Бутел,  Велимир Смилевски ја посети Детската градинка „11 октомври“ во Скопје Север и им посака на дечињата да поминуваат убави денови во детското катче.
-Реализиран е проектот набавка на урбана опрема за надворешниот простор на сите детски градинки на територија на Општина Бутел. На овој начин водиме грижа за најмалите и нивната безбедност со тоа  што урбаната опрема е изработена од  природен материјал-дрво. Овие детски игралишта ќе бидат наменети за сите деца кои живеат во близина на детските градинки изјави Смилевски.
Набавката на опремата за сите градинки е со вкупен износ од 962.833,00 денари, додаде тој.
Треба да знаете
Последни објави