Search

Новооткриен цртеж на Винсент ван Гог на изложба

Откриен е досега невиден цртеж на исцрпен старец, дело на Винсент ван Гог, потврди музејот посветен на уметникот.

Скицата била нацртана на почетокот на кариерата на уметникот во 1882 година, соопшти музејот „Ван Гог“ во четвртокот. Скицата се наоѓа во приватната колекција на едно холандско семејство повеќе од еден век.

Но, во четвртокот првпат беше изложена во музејот во Амстердам.

Јавноста ќе може да ја види до 2 јануари, пред да биде вратена во приватната колекција.

Малиот цртеж со молив, потпишан Vincent, прикажува постар работник облечен во елек, панталони и чизми, кој седи на дрвен стол со главата во рацете.

„Апсолутно е невозможно да се каже колку вреди“, изјави претставник на музејот „Ван Гог“.

Треба да знаете
Последни објави