Search

Новозеландски авион на лет до Кина вратен зошто не бил регистриран

Aвион на новозеландската авио-компанија „Ер Њу Зеланд“ на лет до Шангај е вратен од административни причини, а инцидентот ќе нема политички импликации врз нашите односи со Кина, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн.

Авионот, со околу 270 патници, го напуштил Акленд во саботата околу полноќ, но по неколку часа патување, свртел и се вратил назад, соопшти превозникот, кој делумно е во сопственост на владата, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Ардерн рекла дека сите авиони што летаат кон Кина мора да бидат регистрирани, што не било случај со ова патничко летало, информира АП.

Авиокомпанијата се извини што ги расипала плановите на патниците, велејќи дека и вработените се длабоко разочарани и фрустрирани од ситуацијата.

Објавено е дека во меѓувреме сите клиенти пристигнале во Шангај.

Треба да знаете
Последни објави