Search

Новогодишните украси заменeти со таблети за онлајн настава, маски и скафандери

Уште еден месец не дели од најлудата ноќ, од пречекот на Новата година. Изминатите години овој период веќе почнуваше предновогодишната еуфорија, а општините наголемо го украсува јавниот простор. Но годинава со новата реалност и пандемијата на ковид 19 голем дел од општините се откажаа од украсувањето, а парите ги пренемаменуваат за справување со вирусот или за набавка на комјутери и лаптопи за децата кои неможат да си ги дозволат за следење на онлајн настава.

Дел од градоначалниците пак решија сепак минимално да ги украсат своите општини но со рециклирани украси кои се останати од минатите години и за кои нема да одвојат пари од буџетот на општината. 24 инфо праша дел од скопскте градоначалници и од градноначалниците низ државава каде ќе ги пренаменат парите планирани за украсување?

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ вели дека годинава неговата општина парите за новогодишно украсување ги пренамени за други намени пред се за борба против Ковид 19.

-Парите освен за борба со вирусот ќе бидат пренаменети и за останати проекти. Во соработка со општествено одговорни компании ќе украсиме неколку места се со цел на достоинствен начин, и покрај состојбата со Корона да ја дочекаме новата година. Општина Центар ќе потроши 0 денари за украсување- вели Богдановиќ.

Oпштина Бутел годинава нема да потроши ниту денар за китење. Ќе ги искористи украсите кои се во нивна сопственсот и кои се користат години на назад. Единствено ќе ја одржат традицијата за Нова година кон најмалите. Имено секое дете кое е во прво одделение ќе добие пакетчеод општината.

Од општина Илинден пак велат дека годинава немаат планирано украсување на општината.

– Нема да украсуваме и минатата година не украсувавме, средствата се насочени кон подобрување на условите и заштита од вирусот во детската градинка и образованието вели градоначалникот Жика Стојановски. Општина Кисела Вода пак ќе кити со украси кои се во нивна сопственост од минатите години.

-Општина Кисела Вода нема предвидено средства за китење, па ќе се кити со сопствени елементи кои ги имаме ние како општина- вел градоначалникот Филип Темелковски.

Скопската општина Ѓорче Петров годинава средствата за новогодишно украсување ќе ги користи за тековно справување со пандемијата, велат од општината за 24 инфо.

Во општината Кавадарци пак велат дека веќе две години градот го украсуваат со исти материјали кои се во сопственост за општината.
Ова ќе биде трета година за која ќе се искористат истите материјали и украси. Општина Кавадарци ќе биде украсена, но без трошоци со користење на постоечките материјали, велат од таму.


Гостивар пак повеќе од половина од парите ќе ги пренамена за електронски апарати за ученици.
-Со нешто малку средства, можеби ќе се уреди центарот на градот, колку да има место да сликаат помалите деца, во овој тежок период за целиот свет вели таткото на градот Арбен Таравари.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави