Search

Нови 25.000 врботувања во „Амазон“

Гигантот во онлајн трговијата „Амазон” соопшти дека за свое второ седиште избрал две локации во северниот дел на Америка – во околината на Њујорк и Вашингтон.

На двете локации, означени како „HQ2″, кои се наоѓаат на Лонг Ајленд, во њујоршкиот округ Квинс, како и во округот Арлингтон, во северниот дел на Вирџинија, во широката околина на Вашингтон, ќе бидат изградени канцеларии за околу 25.000 луѓе.

„Амазон” планира да потроши пет милијарди долари за развој на двата центра на компанијата, чие седиште инаку се наоѓа во Сиетл.

Овие две локации ќе ни овозможат да привлечеме врвни таленти, кои ќе ни помогнат да продолжиме со иновации во годините кои следат, се наведува во соопштението на генералниот директор на „Амазон”, Џеф Безос.

Компанијата го избра Нешвил за „центар на исклучителност” со 5.000 работни места, а ќе се занимава со транспорт, снабдување и други активности.

Вработувањето во новите центри е планирано да започне следната година.

„Амазон” доби 238 пријави испратени од многу места ширум Северна Америка, со цел токму тие да бидат избрани како второ седиште на компанијата. Повеќе градови и држави ветувале во своите понуди милијарди долари даночни и други олеснувања со цел да станат т.н. седиште „HQ“.

Треба да знаете
Последни објави