Search

Нови протести во Алжир против претседателот Бутефлика

Околу 2.000 луѓе се собраа денеска во центарот на Алжир, барајќи оставка од претседателот на државата Абделазиз Бутефлика, со што продолжија протестите кои веќе со недели се одржуваат во земјата.

– Системот мора да падне, рече Белкачем Абиди (25), еден од илјадниците демонстранти.

Аналитичарите проценуваат дека еден од сериозните фактори на протестите е армијата, која може да ја промени ситуацијата и да се постави како надлежна за одлучувањето за тоа кој ќе владее со земјата, но засега таа е воздржана.

Бутефлика (82), кој ретко се појавува во јавност откако пред пет години имаше мозочен удар, минатата недела одговори на барањата на демонстрантите и вети дека нема да се кандидира за петти мандат.

Меѓутоа, Бутефлика рече дека ќе остане претседател се додека не се донесе нов Устав, со што го продолжи својот претседателски мандат.

Тој потег дополнително ги разгневи Алжирците, а многу негови сојузници, членови на владејачката партија, лидери на синдикати и тајкуни, се свртеа против него.

Треба да знаете
Последни објави