Search

Нови насилни протести во Хонг Конг

Полицијата се судри со демонтрантите кои денеска бараа оставка од претседателката на владата во Хонгконг, Кери Лам и истрага за полициското насилство.

Како што наведе „АП“, полицијата се судрила со демонстрантите кога нејзините припадници почнале да ги бркаат луѓето од улицата, откако не одговориле на барањето да се распуштат.

Дел од демонстрантите отишле кон трговскиот центар во близина, каде избиле судири.

Агенцијата додава дека полицијата ги апсела демонтрантите, но засега нема податоци за тоа колку лица се уапсени.

Протестите во Хонгконг почнаа минатиот месец поради предлог законот за екстрадиција во Кина.

 

Треба да знаете
Последни објави