Search

Нови детаљи за нападот на Шри Ланка: Бомбашот самоубиец бил уапсен, па пуштен

Еден од бомбашите самоубијци, пред стравичниот напад во Шри Ланка бил уапсен, па пуштен, изјави портпаролот на владата на Шри Ланка, за „Си-ен-ен“.

Илхам Ахмед Ибрахим, кој се разнесе во неделата во нападите, детонирал бомба во хотел во Коломбо.

Тој и неговиот брат се идентификувани како двајца бомбаши во терористичките напади во Шри Ланка во кои, според последните информации, убиени се 359 лица.

Полицијата за „Си-ен-ен“ потврди дека бил притворен и таткото на браќата, Мохамед Јусиф Ибрахим, богат тајкун, под сомнеж дека им помагал на синовите.

Треба да знаете
Последни објави