Search

Новинарите се збогуваат со Суки, еден од најдобрите фоторепортери на Балканот

Новинарите од целиот свет се збогуваат со еден од најдобрите фоторепортери на Балканот, Срѓан Сулејмановиќ Суки (53), кој почина од канцер во четвртокот, а кој беше меѓу најомилените колеги во својата професија.

Сулејмановиќ бил толку почитуван и сакан од колегите, па дури и репортерите од странство го нарекуваа „брат“.

Суки во последните 20 години бил акредитиран  за сите финалиња во европскиот клупски фудбал, сите светски фудбалски првенства, сите Олимписки игри – и летни и зимски, десетици тениски турнири и кој, како круна на својата кариера, доби трајна акредитација за Формула 1. Ова значи дека на секоја трка насекаде во светот имал обезбедено сè и пристап до секој сегмент- од трибините, гаражите до луксузните забави по трката.

Во раните 90-ти, тој ја напушти својата постојана работа како спортски фотограф во издавачката куќа Политика и реши да се посвети на настаните на боиштата. Таму се етаблира како одличен воен фотограф и се вработи во Европската агенција за печат (ЕПА) со седиште во Франкфурт. Подоцна стана шеф на ЕПА за Југоисточна Европа.
Малкумина знаат дека Срѓан Сулејмановиќ стана заштитен знак на најголемите атлетски настани, од светските шампионати до Дијамантската лига.

Треба да знаете
Последни објави