Search

Нова постдипломска студиска програма по дидактика и методика на наставата по германски јазик

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје во тек е пријавувањето за упис на постдипломски студии по дидактика и методика на наставата по германски јазик во вториот рок во академската 2019/2020 година.

Новата студиска програма, која има цел да го унапреди постдипломското образование на наставниците по германски јазик, е резултат на Договорот за соработка меѓу Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје и Гете-институтот во Скопје.

Студиската програма содржи општообразовен дел, неопходен за вториот циклус студии во областа на науката за јазикот, и стручнообразовен дел, неодминлив за областа на наставата по германски како странски јазик во актуелните услови на работа. Стручните предмети се произлезени од модулите на новата образовна серија „Да научиме да држиме настава по германски јазик” (Deutsch Lehren Lernen – DLL), издадена од Гете-институтот, водечка институција за усовршување на наставниците по германски јазик во светот.

Лицето што ќе ги заврши едногодишните студии, ќе стекне звање магистер по дидактика и методика на наставата по германски јазик.

Пријавувањето на кандидатите завршува на 2 март, а запишувањето е од 3 до 5 март 2020.

Треба да знаете
Последни објави