Search

Нова победа на „Рокетс“, 16 асистенции на Јокиќ

Кошаркарите на „Индијана Пејсерс“ во драматичен финиш славеа против „Бостон Селтикс“ со 102:101, речиси на идентичен начин како претходната вечер во победата од еден кош против „Чикаго“.

„Индијана“ вчера на домашен терен беше подобра во дербито благодарение на уште еден одличен натпревар на Виктор Олапидо, кој постигна 24 коша, 12 скока и три асистенции. Освен него, уште четворица „пејсерси“ имаа двоцифрен број на кошеви. Кај гостите најдобар беше Маркус Морис со 23 коша и шест скока.

„Денвер Нагетс“ остварија осми триумф во деветтиот натпревар сезонава против „Јута Џез“ со 103:88. Најдобриот играч на домаќините, Никола Јокиќ имаше за него сезонава рекордни 16 асистенции, а додаде и десет скока и седум поени.

Кошаркарите на „Хјустон Рокетс“ врзаа две победи по ред, нивна трета сезонава, откако славеа во Чикаго со 88:96, но овој пат со капитенот Џејмс Харден. Тој беше најдобар со 25 коша и седум асистенции. Кај домаќините вообичанео најефикасен беше Зак Лавин со 21 кош и по четири скока и асистенции.

„ЛА Лејкерс“ ја остварија четвртта победа сезонава против „Портланд“, но се уште се во негатива. Во триумфот од 110:114 на гостувањето во Портланд, Леброн Џејмс постигна 28 коша, седум скока и пет асистенции. Дамиан Лилард и С.Џ. МекКулом постигнаа по 30 коша, но не беа доволни за победа на домаќините.

„Сан Антонио Спарс“ неочекувано убедливо славеше против „Њу Орлеанс Пеликанс“ со 109: 95. Демар Дерозан со 26 поени и 4 асистенции беше најефикасен кај домаќините, а на спротивната страна Џру Холидеј постигна 29 коша и пет скока. Ова беше четврти пораз во низа, по одличниот старт од пет победи.

На останатите натпревари „Шарлот Хорнетс“ славеше против „Кливленд кавалирс“ со 126:94 за осми пораз на ланскиот финалист, а „Атланта Хоукс“ го победи „ Мајами Хит“ со 123:118.

Треба да знаете
Последни објави