Search

Нова победа за Тотенхем, Челзи загуби дома од Вест Хем

Тотенхем под водство на новиот тренер Жозе Мурињо продолжи да победува и на домашен терен славеше над Борнмут (3-2), во рамки на англиската Премиер лига.

За разлика од претходните мечеви во кои се победи по голема драма, овој пат, „петлите“ рутински си ја завршија работата и запишаа нова радост со Португалецот кој на клупата го наследи Маурисио Покетино.

Двоен стрелец на овој натпревар беше Деле Али, кој погоди во 21. и 50. минута, а потоа, на сигурни 3-0 зголеми Муса Сисоко во 69. минута. Двата гола за гостинот беа дело на Вилсон, едниот во 73. минута, а вториот пред самиот финиш.

Челзи, пак, во малото лондонско дерби со Вест Хем доживеа шок и загуби минимално (0-1) на „Стемфорд Бриџ“. Единствениот погодок го постигна Кресвел, на стартот на второто полувреме. Вреди да се напомене дека „чеканите“ имаа и двојно водство поради автогол на Курт Зума, но судиите го поништија со ВАР поради претходно играње со рака на играч на Вест Хем.

Барнли на домашен терен доживеа пораз од Кристал Палас (0-2), додека Ливерпул како домаќин беше подобар од Брајтон (2-1).

Треба да знаете
Последни објави