Search

Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект, тоа се проекти на ВМРО-ДПМНЕ

Што побргу се отрезнат, тоа подобро за државата. Две години освен крадење, Заев камен не фрли, ниту пајка закова, а го троши рекордно најголемиот буџет во историјата на Македонија. Нивото е капитални инвестиции е ужас!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ како реакција на соопштението на СДСМ.

Време е СДСМ да престане да ги манипулира граѓаните на Република Македонија.  Граѓаните многу добро знаат дека автопатите и магистралните патишта со кои што  СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација. Откако Заев дојде на власт патиштата беа неосновано запрени подолг временски период.

Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект целосно реализиран во време на ВМРО-ДПМНЕ, неговото пуштање во употреба неосновано се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на Заев и неговите министри.

СДСМ неосновано ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Со што го пролонгираше само рокот на нивно завршување и пуштање во употреба, особено на патот Миладиновци – Штип. Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект. Овие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави