Search

Нинџа телефонски комуницирал со брат му на 27 април

Нинџа телефонски комуницирал со брат му на 27 април

Братот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, Благоја Василевски, денеска во својот исказ пред судот потврди дека на 27 април минатата година телефонски разговарале за здравјето на нивната мајка.
– На 27 април минатата година во бев во Виена, на службено патување. Имав краток семеен разговор со Нинџа, за здравјето на мојата мајка, рече сведокот.
Прашањето од обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, дали од него на 27 април примил смс порака, не беше дозволено по приговор од обвинителството дека е наведувачко.
Сведокот Владимир Атанасовски, потоа на прашање од обвинетиот Игор Југ, одговори дека на 27 април 2017 година примил смс порака од неговиот брат Александар Василевски-Нинџа.
Во моментов во судот сведочи Дејан Димкоски – Боксер.
Треба да знаете
Последни објави