Search

Нинџа до обезбедувањето на Чавков: Не сте го чувале добро

Обвинетиот Александар Василевски-Нинџа по сведочењето на обезбедувањето на ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, Никола Димитриевски, на сведокот му кажа дека не го чувал доволно добро својот претпоставен бидејќи Чавков бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за време на упадот во Собранието, а тој не го знае тоа.

„Не сте го чувале добро вашиот претпоставен. Чавков од 18 часот и 20 минути до 19 часот и 15 минути беше на осмиот кат во зградата на ВМРО-ДПМНЕ“, рече обвинетиот Василевски.

Претходно, обезбедувањето на Чавков изјави дека тој заедно со Чавков во 19 часот при упадот во Собранието биле во „Технометал Вардар“ во помошната канцеларија на поранешниот директор на БЈБ од каде телефонски издавал команди на началниците од МВР.

Нинџа праша дали паркингот во „Технометал  Вардар“ е ист со паркингот кој го користи ВМРО ДПМНЕ, а сведокот потврди дека „Технометал Вардар“ и ВМРО ДПМНЕ користат ист паркинг.

Треба да знаете
Последни објави