Search

Никол Кидман: Се затворивме во куќата и го правевме она што ни беше кажано

Актерката Никол Кидман отворено зборувала за влијанието на пандемијата на коронавирус врз нејзините деца и за тоа како сите го издржале карантинот.

Никол Кидман (53) изјави за британското издание на магазинот „Гламур“ дека нејзините ќерки Сандеј Роуз (12) и Фејт Маргарет (9) на некој начин се навикнати на виртуелно учење затоа што често патуваат поради работата на своите родители, а од истата причина не можат редовно да се гледаат со пријателите.

– Поради тоа што често патуваме, а не сакаме да бидеме разделени, нашите деца се навикнаа да следат настава онлајн, но она што им е тешко е физичката дистанца – вели Никол Кидман, која има уште две деца со поранешниот сопруг Том Круз, синот Конор (25) и ќерката Изабела (27).

Никол вели дека дванаесетгодишно дете ја доживува пандемијата како неможност да стапи во контакт со пријателите, а на деветгодишно дете му е тешко бидејќи во тек е неговото социјално формирање.

– Една од најтешките работи е кога ги гледате своите деца како копнеат по пријателите – искрена е Никол и додава дека гледајќи ги нив почнува да копнее по своите пријатели…

Преземено од +инфо

 

Треба да знаете
Последни објави