Search

Никол Кидман вистинска дама дури и во незамисливи модни комбинации

Актерката Никол Кидман (52), поранешната сопруга на Том Круз, на доделувањето на наградите „Country Music Awards“ се појави во смела креација и успеа да ги засени другите дами.

Никол пристигна на црвениот килим со сопругот Кит Урбан, кој за разлика од неа, беше целосно облечен во црно. Актерката која навлезе во шестата деценија од животот, носеше фустан од „Версаче“ во црвено-портокалова боја што ја следи линијата на телото.

Никол никогаш не прави модни грешки, таа уште еднаш потврди дека умее да ги носи дури и дречливите и незамисливи модни комбинации.

Треба да знаете
Последни објави